Јапонски ритуал на чајот
admin
moc-chau-tea-doi-2094890_1920
admin

Во јапонската култура чајот не е само напиток, туку ритуал кој што во себе содржи зен будистичка филозофија, која  одиграла примарна улога во развојот на обичајот. Сметам дека спознавајки го ритуалот, откривајќи ја комплексноста во едноставноста, низ пријатно доживување, го збогатуваме нашето сваќање на секојдневието. 

     Што е всушност ЧАДО или Патот на чајот?

За јапонците тој претставува друштвен но и спиритуален процес, во кој што домаќинот на ритуалот и гостите во пријатен амбиент во собата за чај, уредена  според централните принципи на најпочитуваниот учител на Чадо, Сен но Рикју (1522-1591); хармонија, респект, чистота и спокој; за миг се изолираат од секојдневието барајки хармонија и внатрешен мир.

Според учењето на  учителот на церемонијата на чајот, Такено Јоо (1502-1555), секоја средба треба да биде уникатна, и како таква да се почитува како бесценето богатство, бидејки неможе да биде повторена истата, односно времето неможеме да го вратиме назад. Тоа значи секој ритуал се подготвува поинаку, внимателно се одбираат садовите, вкусовите на чај, закуската што ке се послужи, како и украсувањето на просторијата. Особено се води сметка сето тоа да биде во склад со  годишното време.

Внимателно се украсува просторот во вдлабнатината во зидот, наречен Таками, со икебана за чаен ритуал - Чабана, и слика со калиграфски запис - Шодо . Се потенцира минливоста на времето, циклусите на природата, несовршеноста што ја носи промената ,пропаѓањето, и всушност  убавината  во таа несовршеност. Убавина на несовршеноста  Ваби Саби (Wabi Sabi) .   Сите овие елементи се битни бидејќи сакаат да предизвикаат кај учесниците свесност и целото внимание да биде насочено на самиот настан, односно комплетна ментална и физичка присатност. 




004
admin

во Зен филозофијата коцептот Ваби-Саби е поглед на свет кој се фокусира на пронаоѓање на убавината во несовршеноста на животот и мирно прифаќање на животниот циклус на развој и пропаѓање. Ја почитува едноставноста и ја прифаќа минливоста на сите работи.

Спред тој концепт, во чабаната, повеќе се цени овенатиот цвет  како симбол на минливоста. Убавината на несовршеноста се нагласува и при изработка на садовите за чај. Ако внимателно го разгледате оригиналниот јапонски чајник или шољиците за чај мора некаде да имаат некоја недовршеност, односно несовршеност во склад со Ваби-Саби филозофијата.

Всушност универзалната цел на јапонската церемонија на чајот е да забавиме, повеќе да бидеме присатни и свесни за мигот и за се она што не опкружува.Да го пронајдеме спокојот во едноставноста, да бидеме во хармонија со себе и со природата.

Се надевам дека овој  ритуал, од далечниот исток, и неговата зен филозофија Ваби -Саби, ке ве потикне да погледнете о друга перспектива на нашата западна филозофија која е дијаметрално спротивна, каде се восхитува и се цени само младоста, убавината, гледајки на нормалните животни циклуси, венењето и пропаѓањето, како нешто лошо, нешто што не е прифатливо и на што треба по секоја цена да се спротиставиме

Но никој никогаш не успеал и нема да успее да се спротистави на природата и нејзините законитости и циклуси. И затоа живееме под притисок, во стрес, во невозможната трка со времето. Живеејќи во илузија дека ќе го запреме, ние всушност не го цениме времето и мигот како непроценлива вредност.

admin
tea-2094419_1920
admin

Затоа, запрете, земете некој од прекрасните јапонски чаеви или нивен бленд, сипете го вашата најубава шоља и одвоите 15-20 минути време да го испиете на мир. Додека го пиете чајот длабоко сконцентрирајте се на неговата арома и вкус, пренесете се на чаените полиња на Јапониа размислувајки за убавината на несовршеноста, минливоста на времето, на хармонијата ,спокојот и едноставноста. 

Инспирирани од источната мудрост направете свој уникатен ритуал, кој ке ве опушта и смирува, сами или повикајте пријатели, отворете го својот ум препуштете се и уживајте во својата креативност. Едноставно, животот е убав!

admin
admin
admin
admin
admin
admin
admin
admin